Македонија се откажува од Евровизија?

Македонската радио телевизија, како полноправна членка на Европската радиодифузна унија, со лиценца за организирање и учество во најголемиот музички натпревар во Европа – Избор за песна на Евровизија, оваа година одлучи да го слушне мислењето на граѓаните на Република Македонија, јавува Република

За таа цел, МРТ спроведува анкета во која засега учествувале 12.757 Македонци, од кои  6803, односно 48%, одговориле дека Македонија не треба воопшто да учествува на „Евровизија“.

4.529 од нив велат дека македонскиот претставник треба да биде победникот на „Скопски фестивал“, а најмал процент и 1.425 од испитаниците велат дека македонскиот претставник треба да се избере по пат на интерна селекција во МРТ.

Анкетата на страницата на Македонската радио телевизија сѐ уште трае. Вашиот глас овојпат може да промени нешто.

Своето мислење може да го дадете на следниот линк.

24.06.2014 - 11:49
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега