Скопје добива нов модерен летен ноќен клуб

Најурбаното скопско семејство X добива нов член. Огненото крштевање на новиот член во семејството XO и XS, летниот клуб XL ќе биде одбележано со VIP забава во сабота. Локацијата е иста – екс Колосеум, но страниците на новата приказна, овојпат ребрендирана, допрва ќе ги испишуваме.

Ноќниот живот на метрополата во сабота добива ново, урбано катче за одлични журки, а приказната и концептот XO и XS продолжува.

Големото отворање е закажано за оваа сабота, 28 јуни, а програмата на XL е направена со цел да се забавуваат сите.

Па така, во четвртоците ќе има латино забави со Тумбао салса бенд, петоците ќе бидат резервирани за рнб сензација на подиумот заедно диџеј Иван ПСИ и неговите гости, а во саботите ќе се случуваат журките под мотото - Saturday Night Fever со диџеј Бабура.

 

Во склоп на веќе постоечкиот клуб ќе функционира и објектот „Младост – Лудост“, кој е наменет за лица со изграден шмек за градска забава на отворено

26.06.2014 - 13:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега