Ноќна акција во Куманово: Полицијата привела 100 малолетници

 


Кумановската полиција викендов после полноќ собрала околу 100 малолетници од две локации од Куманово по и ги предала на нивните родители, соопшти денеска СВР Куманово.

- Во текот на изминатиот викенд полициски службеници од СВР Куманово презедоа мерки со цел пронаоѓање на малолетни лица кои по 24: 00 часот се собираат и го нарушуваат јавниот ред и мир. Притоа, на две локации во Куманово биле затекнати 92 малолетници, соопшти полицијата.

Малолетниците биле предадени на нивните родители и по целосното документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

07.07.2025 - 13:39

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега