Нова книга открива детали за Меган Маркл: Вработените ја нарекувале „шефица од пеколот“

На 6 октомври во Велика Британија ќе биде објавена ова книга за кралското семејство „Дворјани: Скриена моќ зад круната“ во која авторката Валентин Лоу меѓу другото открива нови досега непознати детали за војвотката од Сасекс, Меган Маркл и нејзиниот однос кон вработени.

Книгата содржи сведоштва на поранешни вработени на Хари и Меган кои тврдат дека војвотката била шеф од пеколот кој ги терал луѓето да се тресат и плачат на работа.

Наводно, Меган исфрлила двајца лични асистенти, а персоналот повеќе пати го понижувала. Адвокатите на Меган ги отфлија овие обвинувања. Пролетта 2017 година, повеќе од шест месеци пред парот да се вери, Меган наводно му рекла на еден од советниците на Хари: „Мислам дека двајцата знаеме кој наскоро ќе биде вашиот шеф.“

Поранешните вработени на Хари и Меган тврдат дека таа во петок навечер ги повикувала на секои десет минути и викала на нив. Неколку членови на персоналот набрзо дале отказ. Се наведува дека Меган понижувала луѓе кои со години работеле во кралското семејство.

Лошо поминала и личната асистентка на војвотката од Сасекс. Според асистентката Мелиса Тубати, Меган остро ја прекорила откако таа одбила да и ги даде подароците кои ги добила од разни компании, во вид на облека, накит и цвеќе.

Тубати всушност се приджувала до правилата на кралското семејство, дека нејзините членови не смеат да примат подароци од комерцијални организации. По шест месеци во кралската палата Мелиса си дала отказ.

Ова не е првпат во јавноста да се појават тврдења дека Меган била шеф од пеколот. Таа вели дека сето ова е дел од организирана кампања против неа.

25.09.2022 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа