Ново супер атрактивно казино во Лимак Скопје

Светски познатиот бренд ADMIRAL како дел од групацијата NOVOMATIC која е лидер во индустријата за игри на среќа, го отвори најновото супер атрактивно казино GRAND CASINO ADMIRAL во комплексот Diamond во центарот на Скопје.

GRAND CASINO ADMIRAL е сместено во еден од хотелите од највисока класа во Македонија, Limak Skopje Luxury Hotel, на површина од импресивни 1.568 м2, со 181 најсовремени слот машини, пет маси за aмерикански рулет во живо, три маси за блек џек во живо и две маси за Ultimate Texas Hold'em.

 

Станува збор за најсовремен архитектонски објект кој нуди широк спектар на игри во амбиент кој зрачи со елеганција за незаборавно играчко искуство.

Љубителите на живата игра ги пречекува високо обучен персонал посветен да ja направи секоја посета во GRAND CASINO ADMIRAL исклучителна. Согласно највисоките светски стандарди, секој гостин добива посебно внимание, брза и ефикасна услуга.

 

 

 

GRAND CASINO ADMIRAL нуди ексклузивни ВИП привилегии преку персонализирани картички за лојалност „Blue“, „Star“, „Gold“ и „Diamond“ кои овозможуваат присуство на различни промоции, настани и посебен третман што ценетите гости ги прави важен дел од семејството на  GRAND CASINO ADMIRAL.

Традиционалните љубители на живата игра сега имаат место каде ги очекува прекрасен амбиент и исклучителна понуда на апарати на игри на среќа.

 

 

Менаџментот на GRAND CASINO ADMIRAL најавува спектакуларна свеченост по повод отварањето на казиното. 

15.03.2024 - 10:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега