Ново видео од Турција: Случајно снимен момент кога се уриваат згради како шпил карти

Камера прикачена на пилотската кабина на автомобил го снимила моментот кога се урнале неколку згради во Турција, пишува „Скај њуз“.

По прегледувањето на снимката, утврдено е дека се работи за населба во близина на Елбистан во провинцијата Кахраманмарас, на околу три часа оддалеченост од епицентарот на вчерашниот земјотрес.

Како што автомобилот се повлекува, камерата почнува да се тресе и се гледаат луѓе како панично трчаат.

За неколку секунди три згради се претворија во куп шут, а облак од шутот ја покри улицата.

07.02.2023 - 19:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега