Објавена првата фотографија од новиот сој на коронавирус

Новиот сој на коронавирусот е позаразен од претходните, а засега е доминантен во Велика Британија.

Научниците од сибирскиот Векторски центар прв пат го фотографирале новиот сој на коронавирус. Примерокот бил изолиран од пациент во декември минатата година, соопштила руската служба за фитосанитарен надзор "Роспотребнадзор", пренесува "Telegraf.rs".

Тие навеле дека фотографијата била снимена под електронски микроскоп во рамките на тековно истражување за коронавирус, "вклучувајќи ги неговите структурни карактеристики и манифестации во клеточните култури".

Снимката е добиена со помош на електронски микроскоп, со зголемување од 100.000 пати. На фотографиите е видлива кружна вирусна честичка, со дијаметар од 96 нанометри.

Новиот сој на коронавирус е доминантен во Велика Британија, а регистриран е во повеќе од 60 светски земји. Според достапните информации, новиот сој на коронaвирусот е позаразен од другите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2021 - 18:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега