Од утре нови цени на горивата

Утре напладне Регулаторна комисија за енергетика ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела цените на бензините се намалија за денар ипол, а на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за половина денар.

Согласно новата одлука, ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава по цена од 60 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 62 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ изнесува 53 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 52,50 ден/лит.

Се намали и цената на мазутот за 0,370 ден/кг и тој сега се продава по 26,215 ден/кг.

Останува да видиме дали и утре ќе има намалување на цените.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.07.2020 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа