ОЈО Струга отвори истрага против дилер на дрога: Пронајдени марихуана и хашиш масло во Луково
Основното јавно обвинителство Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
При претрес во домот на осомничениот во селото Луково, како и во неговиот автомобил, полицијата пронашла 166 грама марихуана и шприцеви со 9 милилитри хашиш масло, како и дополнителни количества растителна материја во тегли која ќе биде предмет на вештачење. Дрогата била наменета за натамошна неовластена продажба.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струга поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа