ОЈО: Во минатите години имаме 6 предмети против Мерко - испитуваме дали влијаел врз обвинители

 

Обвинителството сподели дека работи на шест предмети, по кривични пријави поднесени против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.

„КО бр. 107/23 кој е заведен по кривична пријава поднесена од повеќе Здруженија на граѓани, за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од КЗ. Пријавата е поднесена на 26.04.2023 година, постапува ОЈО Струга и преема дејствија за проверка на наводите. КО бр. 117/23 заведен во ОЈО Струга против наведеното и уште две други лица за кривични дела по член 353 и член 353-в од КЗ, а по кој има испитани лица и редовно се постапува. КО бр. 121/23 примен во ОЈО Струга на 19.05.2023 година и по кој се проучува пријавата и предистражната постапка е на почеток“, велат од Обвинителството.

Кривична пријава во 2015 година има поднесено и Финансиска полиција. Дури во 2020 година е издадена наредба за вештачење, кое и по три години не е готово.

„Обвинителот што постапува во предметот издал Наредба за вештачење до Бирото за судски вештачења, по доставените наоди во три наврати е побарано дополнување на вештачењето. Предметниот обвинител се уште го чека постапувањето по Наредбата за дополнување издадена во февруари 2020 година“, додаде Обвинителството.

Против Мерко се води случај и во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Овој е отворен во 2022 година, а се однесува на ангажмани за адвокатски услуги.

„Предметот е во предистрага и се постапува по истиот“, велат од Обвинителството.

 Мерко е осомничен и за измама на повеќе лица, преку експропријација на земјиште во Струга. Овој предмет е во предистрага веќе четири години.

„По слични наводи постапувало и ОЈО Струга и ОЈОГОКК, по што двата предмети се споени, обезбеден е судскиот предмет и дел од списите кои се наведуваат во пријавата. Се наоѓа во фаза на предистражна постапка“, посочуваат од Обвинителството.

 

22.06.2023 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега