Општина Чаир ќе објави трет тендер за фирма која би ја урнала дивоградбата кај Мавровка
Општина Чаир со повеќе пари ќе бара фирма која ќе ја урне дивоградбата кај ТЦ „Мавровка“, објави Канал 5.
По двата пропаднати тендери на кои не се пријави ниту една фирма денес општина Чаир реши да ги зголеми финансиските средства на новиот, како можна мотивација повеќе за да успее третиот обид. Се уште не е познато колку ќе тежи понудата на Општината.
Согласно извршените консултации и врз основа на Законот за јавните набавки, Општина чаир пристапува кон зголемување на проценетата вредност на јавната набавка како единствен можен механизам поради непредвидените настанати околности за поттикнување на учеството на економските оператори во постапката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа