Османи: Една земја ни кажа дека не ни ги признава пасошите и уште една дека ни ги признава

БиХ не извести дека не ни ги прифаќа пасошите и личните карти, а Швајцарија дека ни ги прифаќа. Тоа се единствените две земји кои официјално ни доставија информации, рече денеска Министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Земјите членки сами одлучуваат по однос на тоа како ќе се однесуваат по однос на валидноста на пасошите. Една земја има формален став и не има искомуницираат, другите практично се поставуваат отколку да заземаат некој став за да го комуницираат. Граѓаните немаат проблем во нивното враќање дома. Прво затоа што ние се организиравме во дипломатско конзуларните претставништва, овозможивме бесплатни патни листови, овозможивме да се доставуваат по пошта.
во многу држави и не им ги бараат патните листови, но бидејќи немам добиено официјална нота од државите како се однесуваат со старите пасоши не можам официјално да ги известам граѓаните. Меѓутоа тоа е пораката, повеќе од државите дозволуваат движење на граѓаните – рече денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

21.02.2024 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега