Османи: На Косово никогаш нема да има полицајци и војници од Србија

 

Претседателката на Косово, Вјоса Османи посочи дека последните инциденти на северот на Косово, се насочени против уставниот поредок и суверенитетот на Косово и претставуваат повреда на правото на слободно информирање, пренесуваат медиумите во регионот.

Османи на Фејсбук напиша дека „отворената закана од полициска и воена агресија од Србија докажува дека хегемонистичкиот менталитет во таа земја продолжува“.

„Ова мора да биде отфрлено“, вели таа.

„Сторителите на овие кривични дела мора итно да бидат изведени пред лицето на правдата, а правосудните институции веднаш да реагираат. Никогаш нема да има полицајци и војници од Србија на територијата на Република Косово! Хегемонистичкиот сон на Србија никогаш нема да се оствари“, посочува Османи.

09.12.2022 - 19:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега