Османи најостро го осуди денешното пукање на северот на Косово

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи најостро го осуди денешното пукање на сверот на Косово во кое еден полицаец е убиен, а двајца се повредени.

„Најостро го осудувам убиството на полицаец во северниот дел на Косово. Моето срце е со неговото семејство и колегите. Целосна поддршка, сторителите на овој грозоморен чин да бидат изведени пред лицето на правдата. Актите на насилство нема да ја поткопаат стабилноста на Косово. Безбедноста на граѓаните на прво место“, напиша Османи на социјалната мрежа „Твитер“.

За потсетување, еден косовски полицаец е убиен, додека двајца се ранети во пукање денес наутро на подрачјето на Звечан, на северот на Косово, потврди косовската полиција денес.

24.09.2023 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега