Османи: Не само 26 земји членки, туку и Бугарија не можеше да најде вина во Северна Македонија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во емисијата 24 анализа во врска со министерскиот совет во Брисел истакна дека денес имало тешка дебата, но крај направиле компромис да остане барањето Северна Македонја веднаш да ги почне преговорите штом се усвои преговарачката рамка, но без зборот до крајот од годината.

- Во оваа дебата денеска немаше прашање по однос на погрешната интерпретација на историјата, туку имаше наметнување од страна на словенечкото претседателство да се одреди рок до крајот на годината. За првпат, не само 26 земји членки, туку и Бугарија не можеше да најде вина во Северна Македонија. Образложението за таквиот став, Бугарија го најде во декларацијата на Собранието.- рече Османи.

14.12.2021 - 21:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега