Османи: Неформалната консултативна средба во ДУИ помина во атмосфера на соработка

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи беше присутен на неформалната консултативна средба во ДУИ, по што кажа дека тоа е подготовка за состанокот на Централнито Совет на партијата, кој ќе се одржи утре.

„Лидерот Ахмети имаше средба со претставници на партијата од различни ограноци пред Централниот совет на партијата, каде што ќе се донесат одлуки за формирање на централните претседателства и другите органи на партијата. Средбата помина во атмосфера на соработка, унифицираност и подготвеност на партијата за нови походи“, кажа Османи.

Во Тетово утре ќе се одржи состанокот на Централниот совет на ДУИ. Треба да се изберат генерален секретар, организациски секретар и нови потпретседатели, со мандат до следниот конгрес.

 

14.10.2022 - 20:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега