Отворен е лажен профил во име на Елизабета Пендаровска, се крадат податоци од граѓаните, се земаат и информации за кредитни картички

Денеска пред 13 часот, бил отворен  лажен профил со име и презиме на првата дама на Македонија, Елизабета Ѓоргиевска. Од овој профил се злоупотребуваaт лични информации на граѓаните, исто како што се крадат и информации за кредитни картички.

Првествено на лажниот профил, првата дама е претставена со презимето на претседателот Пендаровски (Пендаровска). На профилот има објавено повеќе лажни постови, со кои се манипулира народот дека ќе се изберат 100 добитници по случаен избор, и ќе им бидат донирани 5.000 евра.

Објавата е вирална и има повеќе шерувања, коментари и реакции. Ова доведува до размислување дека некои граѓани потпаднале под влијанието на лажниот профил, со што ги почитуваат правилата, надевајќи се дека ќе бидат избрани.

За лажниот профил кој зема лични податоци од граѓаните, запознаена е и самата Елизабета Ѓоргиевска како и Кабинетот на претседателот.

Од Кабинетот на претседателот за „А1он“ потврдиле дека знаат за случајот и се постапувало по истиот

„Ќе се пријави во МВР во компјутерски криминал, а веднаш кога е забележано, дополнително пријавено е и директно до Фејзбук“ – информирале од Кабинетот.

Првата дама се огласи и преку Фејзбук, каде напиша: „Почитувани пријатели, многумина од вас ми пишаа за лажен профил направен со мое име. Пријавен е во Фејзбук и во МВР, но би ве замолила за побрза реакција од Фејзбук, да има што повеќе пријавувања. Ви благодарам“.

16.10.2021 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа