Пад на генералната перцепција за корупција на светско ниво - Македонија направи исчекор од 24 места

Македонија се искачи за 24 места според Индексот за перцепција на корупцијата. Според извештајот на Транспаренси интернешнл, Македонија во 2021 е на 87. место со 39 индексни поени, што е подобрување од 2020 година, кога државата се наоѓаше на 111 место со 35 индексни поени. 

-Сепак, тоа не значи дека ситуацијата е добра, туку дека има исчекор, смета претседателката на ТИ, Слаѓана Тасева.

Ова рангирање е најдобро во последните пет години, со оглед на тоа што најдобар резулатат Македонија постигна во 2016 година, каде беше рангирана на 90 место.

Од регионот, Словенија бележи пад од 35 на 41 место. Хрватска се наоѓа на истата 63-та позиција. Во Црнагора има подобрување од 67 на 64 место. Бугарија, пак бележи пад. Лани таа се наоѓаше на 68 место, а годинава е на 78. Србија исто така бележи пад од две позиции. Лани таа се наоѓаше на 94 место, а годинава на 96. Косово има подобрување и од 104-то се искачи на 87 место. Албанија бележи пад од 6 позиции и од 104 сега е на 110 место. Од регионот раст бележи и Босна и Херцеговина, која од 111 во 2020 година, сега е на 110 место.

Од Транспаренси велат дека генерално во светот се бележи во перцепцијата за корупција. Првото место, како и лани го делат Данска, Финска и Нов Зеланд со 88 индексни поени. Четвртото место, пак, го делат Норвешка, Сингапур и Шведска со 85 индексни поени.

Последно рангирани се Јемен со 16, Венецуела со 14, Сомалија и Сирија со 13 и Јужен Судан со само 11 индексни поени. 

25.01.2022 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега