Падна уште една оставка од редовите на СДСМ: Во знак на морална одговорност за неуспехот на локалните избори си поднесувам оставка

После Заев, падна уште една оставка од политичката партија СДСМ. Поради неуспехот на локалните избори, оставка си даде денеска и Горан Сугаревски. Оваа информација ја сподели на социјалната мрежа фејзбук.

„Во знак на морална одговорност за неуспехот на локалните избори, како на локално така и на централно ниво, поднесувам оставка од функцијата претседател и член на Надзорниот одбор на СДСМ.
Извршувањето високи партиски и државни функции, покрај другото подразбира и одговорност кон граѓаните и членовите на нашата партија. Во таа насока, оставката претставува мој придонес за што побрза консолидација на партијата и што поскоро враќање на победничките патеки.
Упатувам благодарност на актуелното партиско раководство, како и на сите членови на партијата за укажаната можност да извршувам високи партиски функции, меѓу кои и последната, претседател и член на Надзорниот одбор.
Јас сум социјалдемократ, секогаш тоа и ќе бидам. Останувам верен на партијата и се ставам на располагање за било каков понатамошен ангажман“-се вели во постот на Горан Сугаревски на фејзбук.

05.11.2021 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега