Пандев: Кај нас играат Албанци, Турци, Македонци, живееме како семејство

Македонскиот фудбалер Горан Пандев во интервју за емисијата „СпортЛајт“ зборуваше за неговата кариера, но и македонската репрезентација.

- Кај нас играат многу играчи. Има Албанци, Труци, Македонци, разни националности, но навистина живееме како едно семејство тоа се гледа и на теренот и надвор од него затоа што сите меѓусебно се почитуваме и тоа мислам дека е најголема заслуга на Игор Ангеловски, вели Пандев.

Тој додава дека Игор Ангеловски е вистинскиот човек за оваа професија.

Што се однесува за времето во Интер, Пандев вели дека Дејан Станковиќ многу му помогнал, додавајќи дека е голем човек.

28.07.2021 - 08:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега