Пановски: Со седење во канцеларија не се наоѓаат вакцини

 

Сите средства треба да се употребат при набавка на вакцини, сите методи, па дури да се употребат и луѓе кои што играат и голф со газдите на фармацевските компании или оние кои пијат кафе со нив еднаш неделно. Мора да се излобира на сите страни за да дојдеме до вакцини, рече епидемиологот Драган Даниловски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Микробиологот Никола Пановски истакна дека вакцини не се наоѓаат од канцеларија, туку преку долгогодишни врски создадени во професијата, приватно и забележа дека Македонија нема амбасадори во периодот на пандемијата во клучни земји.

– Имам во телефон од декември 500.000 дози од „Синовакс“ вакцина, предлог договор до македонската влада на која не одговара. Мене тоа на приватниот меил ми го имаат испратено – рече Пановски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2021 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега