Павле Трајанов: 25 години сум работел на изградба на државата - сум извршувал и сложени функции

 

Пратеникот и лидер на Демократски сојуз, Павле Трајанов во „Само Вистина“ кажа дека 25 години работел на изградба на државата.

Трајанов му одговори на премиерот Димитар Ковачевски дека не ја градел кариерата по кабинети.

„Дури 25 години сум работел на изградба на државата. Еден сум од носителите за формирање на македонската држава затоа што раководев со вооружена формација од 1991 година. Да имаме свои чувари на граница – тоа го правеше полицијата. Околу одземањето на воената евиденција, со што спречив илјадници млади македонски регрути да заминат на фронтовите во Хрватска. Сите кои беа против референдумот во 1991 година истрчаа да се сликаат на плоштадот, а тие што ги завршивме најтешките работи, бевме во позадина Сум извршувал исклучително сложени функции. Вие да се спротиставите во тоа време на ЈНА, треба да имате голема храброст.“, вели Трајанов.

18.10.2022 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега