Пендаровски: Нема да пропадне државата ако ги вметнеме Бугарите

 

Нема да пропадне државата ако ги вметнеме Бугарите во Уставот, посочи претседателот Стево Пендаровски коментирајќи како власта планира да стигне до двотретинско мнозинство во Собранието. Тој додаде дека не е загрозена македонската сувереност, ниту европскиот пат, ако се направи овој чекор. Пендаровски посочи: „Единствениот пат до двотретинско мнозинство е да разговарате со опозицијата, пратениците, политичарите од опозицијата. Не би сакал да видам да видам каков било друг пристап во обезбедување на тие две третини“.

„Оние што мислат дека преговарачката рамка не е добра и дека кога тие би биле во позиција да преговараат би направиле подобра преговарачка рамка – не знаат како функционираат механизмите во ЕУ. Нема да има шанса наново да се преговара работа што е договорена со 27 земји членки на ЕУ. Во неа стои обврската промена на Уставот и додавање на Бугарите внатре. Ако влеземе со намера да се разбереме, аргументите се на страната кои веруваат дека самата содржина на внесување на Бугарите во Уставот е бенигна. Не ги загрозува македонската сувереност и независност, ниту европскиот пат“, рече Пендаровски.

Тој смета дека и да повика на лидерска средба за уставните измени – опозицијата нема да се вклучи.

„Ако опозицијата реши да не учествува во работната група, која допрва ќе биде формирана, ниту во Комисијата за уставни прашања во Собранието, какви што досега се нивните јавни изјави – јасно е дека и јас да се понудам да ја организирам таа дебата, тие нема повторно да учествуваат. Мислам дека грешат. Ги повикувам да се вклучат на експертско и политичко ниво и да ги кажат своите аргументи. Мислам дека таа дебата треба да биде пренесувана во живо за јавноста. Кога ќе ги соочите аргументите, претпоставувам дека и тие ги имаат, ќе видите дека сме ги направиле тие работи пред 22 години. Ние имаме етаблирани стандарди за делови од народите. Бугарското малцинство е со 3.500 во Македонија, сигурно нема да пропадне државата“, додаде Пендаровски.

29.03.2023 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега