Пенов ќе го чека Ахмети да го изгаси пожарот во ДУИ

 

 Владата го достави до Собранието предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа, но се уште нема информација кога ќе се одржи пленарната собраниска седница за негов избор.

 

Од Кабинетот на претседателот на Собранието информираат дека дополнително ќе биде соопштено кога ќе се одржи седницата за изборот на Пенов, кој е предложен на оваа позиција откако досегашниот министер Горан Милевски од лични причини поднесе оставка.

 

Во Собранието денеска се одржува средба на координаторите на пратеничките групи со претседателот на Собранието, Талат Џафери на која ќе се договараат следните активности.

 

Засега официјално на веб страната на Парламентот за денеска се закажани две седници на Законодавно правната комисија, додека утре ќе има посета и обраќање на претседателката на Националниот совет на швајцарскиот Федерален парламент, Ирене Келин, како и седница на Комисијата за култура.

 

Нова собраниска седница Џафери од поодамна има закажано за 17 октомври. Таа доаѓа само два дена по седницата на партиските тела на ДУИ кои треба да изберат ново партиско раководство. Она што во моментов е непознато дали огнената група ќе се задоволи само со позиции внатре во ДУИ или ќе остане на ставот дека од Владата треба да си замине вицепремиерот Груби и министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Токму од тоа ќе зависи и дали и кога Џафери ќе ја закаже седницата на која треба да се избере Пенов за нов министер за локална самоуправа а од разврската во ДУИ ќе зависи и дали заедно со него, нов мандат во Владата ќе добијат и други кадри, односно дали Груби и Османи ќе си заминат од позициите.

 

 

12.10.2022 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега