Пенс: Не знаев дека дома имам доверливи документи, преземам целосна одговорност за нарушување на безбедноста

 

Поранешниот потпретседател на Соединетите Американски Држави, Мајк Пенс во петокот изјави дека не знаел оти има доверливи документи во неговиот дом во државата Индијана и дека ја презема „целосната одговорност“ за нарушувањето на безбедноста.

Поранешниот потпретседател на Соединетите Американски Држави, Мајк Пенс во петокот изјави дека не знаел оти има доверливи документи во неговиот дом во државата Индијана и дека ја презема „целосната одговорност“ за нарушувањето на безбедноста.

Откривме дека меѓу моите лични документи, мал број беа означени како класифицирани или чувствителни, рече Пенс.

Тој додаде дека не бил свесен дека се во неговиот дом.

Ќе бидам јасен, овие доверливи документи не требаше да бидат во мојата приватна резиденција. Направени се грешки и јас преземам целосна одговорност, рече Пенс.

Доверливи документи беа пронајдени и во домот на поранешниот претседател Доналд Трамп на Флорида.

Адвокатот на Пенс, Грег Џејкоб, на 18 јануари испратил писмо до Националниот архив на САД во кое го известува за документите, а во друго писмо на 22 јануари напишал дека Федералното биро за истраги (ФБИ) влегло во домот на поранешниот потпретседател да ги преземе.

Нашата национална безбедност зависи од правилното управување со класифицирани и чувствителни материјали и знам дека кога се прават грешки, важно е тие да се решаваат брзо и транспарентно, рече Пенс.

Сегашниот претседател на САД, Бајден и Трамп се соочуват со посебни истраги на Министерството за правда за несоодветно управување со доверливи материјали.

Од американските претседатели и потпретседателите се бара да ги вратат владините документи во националните архиви по завршувањето на нивниот мандат. Незаконски е свесно или намерно да се отстрани или чува доверлив материјал.

 

 

28.01.2023 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега