Пеплосани 130 хектари сува трева и ниска вегетација во Руѓинце

 

- Пожарникарите од Старо Нагоричане речиси цел ден од 11 до 19 часот,  вчера интервенирале на пожар во село Руѓинце информираа денеска од регионалниот центар за управување со кризи Куманово и од Територијалната противпожарна единица. Пожарот избувнал во 11:30 часот, зафатена била површина од 130 хектари, сува трева, нискостеблеста шума.

Пожарникарите од Старо Нагоричане го гаселе со три противпожарни возила и осум пожарникари. Во интервенцијата се вклучиле и ТППЕ Ранковце и Кратово со по едно возило и вкупно шест пожарникари, како  и возило од ТППЕ Куманово за дотур на вода.

-Во интервенцијата логистичка поддршка ни дадоа мештани, изјави командирот на ТППЕ, Старо Нагоричане, Далибор Трајковски.

Лани, на локацијата имаше пожар кој подоцна се прошири кон селата од општините Куманово и Кратово.

Претходно, пожарникарите од Старо Нагоричане гасеа пожар во истото село, но на друга локација и таму горела сува трева и дрва. 

08.07.2025 - 11:16

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега