Петгодишно девојче паднало од трети кат во Турција: мајката била до неа на тераса

Од тераса на третиот кат во турскиот град Сањактепе синоќа паднала петгодишната Наслихан А.

Несреќата се случила синоќа додека малото девојче седело на балконот со нејзината мајка. Во еден момент девојчето се качило на столот за да погледне надолу и паднало.

На местото на настанот пристигнала брза помош, а девојчето со тешки повреди е пренесено во болница. Лекарите се обиделе да ја спасат, но таа починала, пишува „Хуриет“.

По несреќата почнаа да се шират гласини дека девојката е убиена од огнено оружје, но од кабинетот на гувернерот веднаш ги демантираат овие наводи.

Како што е соопштено девојчето починало од повреди здобиени по пад од височина.

29.05.2023 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега