Петровска се докажува на суд со Ковачки: Го продадов имотот во 2009 година без хациенда

 

 

Со катастарска документација, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во Граѓански суд докажува дека таа никогаш не изградила хациенда во Радшани. Целта е да докаже дека пратеникот Драган Ковачки излажал. Според неа, доказите ќе покажат дека таа имотот во скопската населба го продала, па новите сопственици си граделе на имотот.

„Денеска како што минатото рочиште најавивме, ги презентиравме доказите кои се официјални докази, кои се наоѓаат и во Катастар. Неколку договори купо-продажни со кои се гледа дека во минатото, не сега скоро, од 2009 година, јас сум го отуѓила тој имот без таму да има било каков имот односно така наречената хациенда. Денеска беа презентирани овие докази, беа дадени на одбраната да ги разгледа, за да се признесе. Од овој договор овде, кој е нотарски заведен и спроведен во Катастар, неспорно е дека јас тој имот како недвижен, градежна парцела сум го поседувала, сум го отуѓила и потоа почнала градбата на објектот од денешните сопственици“, рече Петровска.

20.06.2023 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега