Петрушевски: Ковачевски и Спасовски си ги донеле татковците на средба со пензионери во Куманово

 

Пратеникот Бране Петрушевски кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски и доскорешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски си ги донеле своите татковци на средба со пензионерите во Куманово.

-Денес во Куманово, Спасовски и Ковачевски, не знам во кое својство, организирале средба со здружение на пензионери. Од причина што им дошле само 10-тина пензионери (од над 18 000 во Куманово), повикале цело локално партиско раководство и замислете, своите татковци. Ете до толку се јадни, вели Петрушевски.

13.02.2024 - 22:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега