Почна седницата за уставни измени: Со 70 гласа „за“ усвоен дневниот ред

 

Со 70 гласа „за“, 47 „против“ и без „воздржан“ глас, Собранието го усвои дневниот ред на 123-тата седница која има само една точка – Предлог за пристапување кон измена на Уставот со кој се предвидува вметнување на Бугарите и на уште пет етнички заедници во преамбулата на Уставот.

По усвојувањето на дневниот ред треба да почне претресот за потребата од носење на уставните измени, за чие усвојување е неопходно да гласаат минимум 80 пратеници. Тоа е првата од вкупно трите фази неопходни за промена на Уставот.

Во моментов пред пратениците се обраќа премиерот Димитар Ковачевски.
18.08.2023 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега