Подгответе се на време: Во овие две населби во Скопје утре ќе нема вода

Прекин во водоснабдувањето утре од 8 часот ќе имаат корисниците од улица „Прашка“ во општина Карпош, поради изведување водоводен приклучок Ф-100 мм на оваа улица во населба Тафталиџе.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека утре од 7.30 часот без вода ќе бидат и корисниците од улиците „Виктор Иго“, „Дренак“, „Невена Георгиева Дуња“ и „Драга Стојановска“ во  општина Кисела Вода, исто така поради изведување  водоводен приклучок ф-100мм на ул.„Виктор Иго“ 51.

Прекините во водоснабдувањето ќе траат до завршување на зафатите. 

05.08.2021 - 16:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега