Погребот на кралицата Елизабета не е најгледаниот кралски настан во историјата

Оваа недела беше објавено дека 28 милиони Британци го гледале погребот на кралицата Елизабета, што е помала бројка од 32 милиони гледачи кои го следеа погребот на принцезата Дијана, во 1997 година.

Според бројките објавени од истражувачката организација „Барб“, погребот на Елизабета бил емитуван на неколку канали, а во САД го следеле просечно 11,4 милиони гледачи, додека погребот на Дајана во 1997 година го гледале 33,2 милиони Американци.

Сепак, треба да се има предвид дека е многу тешко да се споредат овие два настани со оглед на контекстот на времето, технологијата и навиките на граѓаните, кои во меѓувреме значително се променија.

Друг интересен факт е дека свадбата на принцот Хари и принцот Вилијам била повеќе гледана на телевизија, отколку погребот на нивната баба.

Нивните венчавки привлекоа 29,2 милиони и 22,7 милиони американски гледачи, што значително ја надмина гледаноста на погребот на кралицата Елизабета, пренесува „Index.hr“.

24.09.2022 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега