Полека се враќаат Фејсбук, Инстаграм и Месинџер

Социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, како и апликациите Месинџер и Тредс повторно работат за корисниците во Македонија и ширум светот.

За потсетување, популарните апликации на компанијата Мета престанаа да работат околу 16 часот и 30 минути, а проблемот наводно бил до нивните сервери.

Портпаролот на компанијата Мета, Енди Стоун изјави дека проблемот се средува, а очигледно е решен околу 17:20 часот по наше време.

05.03.2024 - 18:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега