Полицијата уапси двајца во Пробиштип: Пронајдени дрога и муниција во нивниот дом
Синоќа во 19.50 часот во Пробиштип, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип ги лишиле од слобода Ј.Ј.(39) и П.Ј.(68), двајцата од Пробиштип.
При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, куршуми со калибар 7,62 мм и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
24.06.2025 - 10:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа