Полицијата уапси разбојник од Штип, познати се иницијалите

18-годишник е приведен во штипската полиција, откако со употреба на сила нападнал жени, одземајќи им го златниот накит.

„По преземени мерки и добиени оперативни сознанија, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Е.А.(18) од Штип поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „разбојништво“ и кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин извршени на 16.09.2021 на подрачјето на Штип, каде со употреба на физичка сила од две возрасни жени одзел златeн накит“-известија надлежните служби.

Од извршениот преглед кај Е.А. биле пронајдени и одземени парични средства со кои се стекнал од продажбата на украдените златни предмети. Запознаен е Јавен обвинител и по целосно комплетирање на службениот материјал против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

21.09.2021 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега