Полицијата упадна во куќа во демирхисарско - пронајдени дрога и оружје

 

Денеска (14.05.2025), полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Демир Хисар го лишиле од слобода М.Ш.(33) од Битола, со привремено живеалиште во с.Ракитница,демирхисарско . Врз основа на наредба од Основен суд Битола, извршен бил претрес во домот и помошните простории кои ги користи М.Ш. во с.Ракитница,  при што биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, дигитална вага, воздушна пушка и дијаболи.

По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

14.05.2025 - 19:41

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега