Пораснала во тешка сиромаштија, а сега е сопруга на третиот најбогат човек на светот - Наталија го кажа судбоносното „ДА“

Наталија Водјанова, една од најпознатите манекенки на светот вчера му го кажа судбоносното „да“ на својот долгогодишен партнер Антоан Арно, а свадбената церемонија била одржана во Париз.

Манекенката на својот Инстаграм профил објави фотографии од интимната венчавка со кои ги воодушеви своите следбеници. 

Таа за оваа прилика одбрала едноставна, ретро венчаница од свила со боја на шампањ која ја красат нагласени рамена и тенок ремен околу струкот, а со неа носела елегантни салонки во бела боја. Нејзиниот сопруг со кој веќе има 2 сина носел темносино одело на брендот „Берлути“.

Наталија денес живее убав живот, но не отсекогаш било така. Имено, таа пораснала во тешка беда и сиромаштија, а како девојче работела на пазар. Нејзиниот живот се променил откако ја забележал моден агент кој ја вовел во светот на модата и ѝ овозможил удобен живот.

Така, Наталија на 17 години се нашла во Париз, а веќе како 20-годишна девојка на својата сметка имала 20 милиони долари.

Титулата на една од најплатените манекенки во светот ја вовела во светот на богатите и аристократите, во кој го запознала и својот прв сопруг Џастин Портман со кој има 3 деца. Нивниот брак траел 9 години, а Џастин во едно интервју открил дека по разводот морал да побара стручна помош поради нервниот слом кој го доживеал.

Наталија смело продолжила понатаму со животот, а набрзо по разводот повторно пронашла среќа во љубовта. Таа во 2011 година се вљубила во милијардерот Антоан Арно, за кој и се венчала, чие богатство се проценува на 84 милијарди долари.

 
 
 
View this post on Instagram

OUI!

A post shared by Natalia Vodianova (@natasupernova) on Sep 21, 2020 at 8:15am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

@cordeliadecastellane this bag never made it to it’s a perfect “rentrée” accessory FOR ME Я очень хорошо помню, когда отменили школьную форму. Для меня это было большим потрясением. Бабуничка мне всегда вышивала красивые воротнички и манжеты, поэтому я, можно сказать, чувствовала себя модницей. Это архивное платье @ulyana_sergeenko_moscow напоминает мне об этом светлом периоде моего детства. А что о школьной форме думаете вы? P.S. Портфель @babydior_official утащила у

A post shared by Natalia Vodianova (@natasupernova) on Sep 10, 2020 at 1:25am PDT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.09.2020 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега