Потресно сведоштво на Станија: „28 години ги барам коските на татко ми“

Станија Добројевиќ раскажа како во 1995 година во криминалната акција „Блесок“ Хрватите го однеле нејзиниот татко и дека две години потоа не знаеле дали е жив.

-28 години ги барам коските на татко ми, вели Станија.

Во мај 1995 година, старлетата и нејзиното семејство доживеаја страшна судбина во криминалната акција „Блесок“, кога ги протераа од родниот во Западна Славонија, а го убиваа нејзиниот татко Драган.

По речиси три децении, ријалити ѕвездата допрва треба да ги најде посмртните останки на својот татко.

Спасување кукли

-Мојот брат Сани и јас дадовме примерок од ДНК за да можат да го идентификуваат нашиот татко. Се надевам дека ќе го најдеме и ќе го погребаме правилно. Тој беше добар и самопожртвуван човек. Заслужува да почива во мир и да добие сопствен гроб, кој редовно ќе го посетувам, ја започнува приказната Станија и се сеќава на тој кобен 1-ви мај 1995 година.

-Имав 10 години кога тоа се случи и се уште се сеќавам на се како вчера. Се сеќавам на тоа утро кога започна нападот. Истрчав во дворот да ги спасам моите две кукли. Тато трчаше по мене, ги зеде, ми ги подаде, ме погали за коса и ми рече: „Морам да одам, но ќе се вратам“. Тој никогаш не се врати.

Станија набрзо побегнала во Србија.

-Кога татко ми замина, мајка ми ја зеде торбата со документите, јас и брат ми за рака и отидовме со луѓето на тракторите во колона, а потоа сите влеговме во автобус полн со деца и жени. Во тој момент ни фрлија бомба на куќата и ни ја запалија колата. Десет минути откако го минавме мостот, тој се сруши. За малку ќе ја имавме истата судбина како татко ми, вели старлетата.

Страшната вистина

Долго време Добројевиќ не знаела каде е нејзиниот татко.

-Цели две години не знаевме дали е мртов или жив, а потоа мајка ми доби фотографија од мртвото тело. Набргу потоа, тетин ми, кој беше со татко ми кога беше убиен, беше ослободен од концентрациониот логор. Ни кажуваше дека биле заробени на 1 мај 1995 година. Само татко ми беше убиен на лице место поради неговиот чин, додека тој и другите беа затворени и мачени две години. Го тепале толку многу што две години повраќал крв, па дури и го затвориле во бунар. Тој беше ослободен од концентрациониот логор при размена на затвореници и тогаш ја дознав страшната вистина, заклучила Станија.

Хероите заслужуваат споменик, Станија инсистира постојано да зборуваме за злосторствата за да не ги заборавиме нивните жртви.

-Моја желба е да подигнам споменик на српските херои и паднатите борци, меѓу кои и татко ми. Не треба да заборавиме на жртвите, треба да се сеќаваме на нив секој ден, рече таа.

07.08.2023 - 17:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега