Повеќе скопски населби денеска без струја

Без електрична енергија денеска од 9 до 12 часот ќе останат дел од корисниците од улицата „Манчу Матак“ во општина Ѓорче Петров.

Во период од 10:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Иван Манолев“, „Рокомија“ и „Александар Турунџов“ во општина Бутел.

Без снабдување со струја денеска од 11:00 до 14:00 часот ќе бидат дел од жителите од скопското село Чардак и корисниците од улицата „Александар Урдаревски“, лоцирани на потегот од крстосницата со патот за село Бразда до првата крстосница со патот за село Голиово во општина Чучер Сандево.

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа на Град Скопје.

20.01.2023 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа