Повторно гужви низ градот: Изменет сообраќаен режим утре во Скопје
Во организација на Град Скопје–Сектор за сообраќај, утре од 11 часот ќе се одржи настан „Ден без автомобили“, организиран со цел одбележување на Европската недела на мобилност 2021.
Трасата на движење ќе се одвива од паркот Ибни Пајко-ул.„Филип Втори Македонски“, лево по бул.„Гоце Делчев“, лево по бул.„ВМРО“, десно по бул.„Партизански одреди“, десно по бул.„8 Септември“ и десно по бул.„Илинден“ до Градски парк (Школка).
– Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај од 11 часот до завршување на настанот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, соопштија денеска од МВР.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа