Пожар во дом за стари лица во Германија, има загинати и голем број повредени


Најмалку четири лица загинаа, а 58 се повредени утринава во пожар во дом за стари лица во западна Германија, објави германскиот весник Тагешау.

Според весникот, пожарникарите пристигнале на местото на пожарот околу пет часот утринава, кога пожарот веќе ја зафатил двокатната зграда во Бедбург-Хау, во Северна Рајна-Вестфалија.

Меѓу повредените има полицаец и пожарникар.

04.03.2024 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега