Познат фотограф се пожали: Ми пропаднаа нови кампањи оти немам патна исправа, за која се чека со месеци

Револтот кај граѓаните се уште трае поради хаосот со вадењето на лични документи и патни исправи. Вријат и социјалните мрежи. Па, вечерва реши да се огласи и познат фотограф од Македонија, на кој поради бавниот процес за вадење на нови пасоши, му пропаднале работни кампањи во странство. Како што пишува Стефан Соколовски, досега му пропаднал работен ангажман во Дубаи, голема модна кампања во Солун, а на „стаклени нозе“ е и две важни кампањи во Милано, за светски брендови..
Во продолжение ја пренесуваме неговата целосна реакција:
„Како со мирен и здрав разум да дозволам поради неспособноста на внатрешните органи на Република Северна Македонија да ми пропадне огромна и ретка шанса - професионална прилика за која работам +10 години во модната индустрија?
Поради немање сеуште готова нова патна исправа за која се чека со месеци, поради нови закони за кои не се способни да ги извршат, да се снабдат со ресурси за спроведување на истите , јас треба да седам мирно и спокојно и да дозволам да ми пропаднат две нови идни кампањи во Милано: кампања за Philipp Plein и уште
еден светски познат италијански бренд ( МSGM ).
Покрај тоа веќе ми пропадна работен ангажман и патување во Дубаи , а денеска уште еден пропаднат проект - голема модна кампања во Солун
во која што беше вклучен тим од +10 луѓе од Македонија.
Покрај тоа што никакви прилики за развој на кариери и уметност нема кај нас, од сега со вакви ноќни кошмари од ситуации сведочиме дека нашата држава станува и деструктивна за успешни кариери доколку си Македонец во старт
Апел за помош до некој кој може да направи големо хумано дело - да помогне во снабдување за пасош ( колку бизарно и тажно звучи ) “

16.02.2024 - 23:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега