Познат пејач загина во синоќешната престрелка на Пластичарска


Познат пејач синоќа загинал, а две лица се повредени во престрелка која се случила по масовна тепачка на Пластичарска во Скопје.

Неофицијално во полицијата најпрво во 23.40 часот е пријавено дека на булевар Никола Карев има пукање каде што има повредени лица. Во 23.45 часот е пријавено е дека едно лицето Т. А. со повреди од огнено оружје е пренесено во ГОБ Наум Одридски.

Во 23.51 часот од Ургентен центар е пријавено дека кај нив се донесени 2 лица исто така со повреди од огнено оружје.

Се работи за лицата О. Б. и А.И. од Скопје. Во 00.45 ласот од Ургентен центар е пријавено дека лицето А. И. е починат инаку познат пејач.

27.05.2024 - 08:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега