Прегазен пешак во Крива Паланка- во него удрил автомобил со кој управувал 19- годишник

Прегазен пешак со тешки телесни повреди завршил во болница со тешки телесни повреди откако во него удрил автомобил со кој управувал 19- годишник од Крива Паланка.

-На 10.05.2021 во 13.30 часот било пријавено дека во Крива Паланка, на крстосница од ул.„Св.Јоаким Осоговски“ и ул.„Гоце Делчев“, патничко возило „сеат алхамбра“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од М.Д.(19) удрило во пешакот Р.С.(71), и двајцата од Крива Паланка, велат од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Здравствен дом Крива Паланка.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.05.2021 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа