Пренџов: Заев продолжува со праксата на притисоци врз пратениците за да не гласаат за недоверба на владата

3аев продолжува со својата пракса и врши невидени притисоци во Собранието на Република Македонија со цел да ја сочува власта истакна пратеникот на ГРОМ, Љупчо Пренџов во своето гостување во утринската програма на „Телма“.

Пренџов гледа на вчерашната посета на Заев на Собранието на Република Македонија како притисок и посочува дека се вршени закани и уцени врз пратеници со цел да не гласаат за недоверба на Владата.

Пример за делувањето на Заев е премислувањето на пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи, вели пратеникот посочувајќи дека најпрво се потпишал на списокот за гласање на недоверба на Владата, за потоа да најави дека го повлекува потписот наводно поради тоа што не знаел дека пратениците на Левица ќе бидат дел од оние пратеници кои ќе ја изгласаат недовербата на Владата.

09.11.2021 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега