Претрес во Радовиш, пронајдена дрога

На 01.12.2023 во Радовиш,  полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишија од слобода Н.Б.(32) од Радовиш.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана, дигитална вага и дробилка. 

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

02.12.2023 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега