При претрес кај неколку лица пронајдено марихуана, петарди и дрога

 

Македонската полиција по претрес на неколку лица и нивните домови пронашла, дрога, марихуана и петарди, по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

„На 07.08.2020 во 20,45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба ги лишиле од слобода А.Б.(32) и Г.Т.(39) двајцата од Скопје затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 08.08.2020 во 01,50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.“Митрополит Теодосиј Гологанов“, го лишиле од слобода М.С.(21) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ОВР Неготино поднесе известување до ОЈО Kавадарци против 17-годишник од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“. Имено, на 21.09.2019 околу 16.00 часот пријавениот, заедно со свој другар од Кавадарци дошле во Неготино, каде се сретнале со М.Д. од Неготино и откако набавиле марихуана пријавениот му ја дал за употреба на М.Д..

При вршење на контрола од полициски службеници, тие биле пресретнати како употребуваат марихуана, а при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана помешана со тутун.

ОВР Неготино поднесе кривична пријава против Ј.Д.(18) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.“ велат од МВР.

На 25.05.2020 при извршен претрес во домот и помошните простории во викенд куќа во с.Чифлик,  демиркаписко, во сопственост на С.К. и во патничко возило „пасат“, сопственост на Т.К. од Неготино, а управувано од неговиот син Р.К., другар на пријавениот, пронајдени биле две кутии со петарди, сопственост на Ј.Д.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.08.2020 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа