Принцот Хари повторно удри по кралското семејство: Криеја од мене дека телефонот ми е хакиран

 

Принцот Хари за време на судењето изјави дека британското кралско семејство криело од него дека телефонот му бил хакиран бидејќи не сакале тој да поднесе обвинение.

Во изјавата за неговата тужба против Дејли Мејл, војводата од Сасекс рече дека бил принуден да се согласи со правилото наметнато од неговото семејство, кое било „никогаш да не се жали и никогаш да не објаснува“ во врска со односите со печатот.

“Во 2018 година станав свесен дека можам да поднесам тужба. Институцијата на кралското семејство криеше од мене информации за хакирањето на мојот телефон, а тоа ми стана јасно дури последниве години”, рекол принцот Хари, пренесува Скај Њуз.

Тој исто така рече дека сите членови на кралското семејство никогаш не разговарале заедно дали некој поднел обвинение.

„Секоја канцеларија во семејството е изолирана. Постои заблуда дека сите ние постојано комуницираме меѓу себе, но тоа не е точно“, рече тој,пренесе Телеграф.рс.

28.03.2023 - 18:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега