Приватните автобуси се враќаат на скопските улици

Приватните превозници се враќаат на скопските улици, објави предмалку Јавното сообраќајно претпријатие.

Директорот на ЈПС Скопје, Крсте Петревски го потпиша договорот со превозниците, а веќе од утре 105 автобуси ќе сообраќаат на улиците.

-Приватните превозници ќе ги опслужуваат линиите: 23, 45, 61, 63, 73, 9, 11, 11A, 12, 47A, 55, 19, 20, 22, 52, 54, со 105 модерни автобуси кои ги исполнуваат еколошките стандарди согласно јавниот повик, велат од ЈСП.

23.05.2023 - 16:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа