Приведен 21-годишен Турчин: Во пасошот немал печат за влез во Македонија
Вчера во 13:30 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници го привеле Е.Г.(21) од Република Турција затоа што при извршена гранична контрола било констатирано дека во неговата патна исправа немало штембил кој го докажува неговиот влез во државата, односно поради сомнение дека илегално влегол во РСМ.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
10.09.2025 - 16:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа